Ва четветокот попладнето околу 18.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода 43-годишниот М.А. од Кавадарци, осомничен за недозволена трговија со наркотици.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, три дигитални ваги, предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја и пари.
Мажот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.