Тајландската полиција запленила дрога вредна 29 милиони американски долари и притоа уапсила 11 криумчари во низата акции минатата седмица, соопштија властите во вторникот.
Во осум одделни случаи ширум Тајланд, запленети се 1,7 милиони таблети метамфетамин, над 700 килограми кристал метамфетамин и близу 1,4 тони марихуана, според соопштението на тамошната полиција.
Меѓу единаесетте уапсени двајца се Малезијци, еден има танзаниско државјанство, а другите осомничени се од тајландска националност.
Криумчарите на дрога на Тајланд може да добијат смртна казна. Тајландските правосуден систем, меѓутоа, предвидува и поблаги казни, доколку осомничениот се изјасни за виновен. Оваа југоисточна азиска земја во последните десетина година има погубено само едно лице во случај поврзан со дроги, и тоа во 2009 година.
Таблетите метамфетамин е се’ популарна дрога на Тајланд, како и ширум југоисточна Азија. Тајландската полиција, исто така, соопшти дека минатата 2017 година запленила повеќе од двојно таблети метамфетамин во однос на претходната година.