
Дрогата „GHB“ која се нарекува дрога за силување пристигна во Србија и во Хрватска. Станува збор за дрога која масовно се користи кај младите и е многу распространета на забави.
„GHB“ е во течна состојба, евтина е да се набави и се става во пијалок. Предизвикува добро расположение и сексуална желба. Следниот ден конзументот речиси на ништо не се сеќава а наркотикот брзо исчезнува од организмот.
Се добива од хемикалијата за чистење на фелни а една капка може да направи многу проблеми по здравјето.
Се користи како мамец за девојки, дрогата е без вкус и мирис. Лесна е за производство дури и во домашни услови.
Ако и се тури дрога на девојката и има секс тоа се смета за силување без отпор бидеќи дрогата го брише памтењето.