Дрските лаги на Ременски, Спасовски и Заев (ВИДЕО)

веде во заблуда со лажни изјави следејќи го примерот на неговиот лидер Зоран Заев. По завршување на преговорите, Заев истакна дека Спасовски е новиот министер за ватрешни работи.

-Побарав согласност од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, согласноста ја добивме, нов министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, изјави синоќа Заев.

Спасовски е поранешен секретар на општина Куманово и инволвиран во сите матни тендери во општината, обвинуваа многу пати досега од владејачката партија.

Со години истиот Оливер Спасовски се појавуваше позади Зоран Дамјановски Циц и учествуваше во упропастувањето на Куманово , каде СДСМ зад себе да не остави ниту еден единствен проект. Како генерален секретар на СДСМ, Спасовски воедно е еден од креаторите на сценариото за создавање на алиби за изборен пораз и непризнавање на резултатите од изборите.