
Се што треба да направите за да ја згоемите шансата да бидете здрави и витални во староста е што повеќе да се дружите со луѓето и да бидете љубезни.
Најлошата работа која можете да ја направите кога ќе се пензионирате е да се изолирате од светот. Австралиските научници од Универзитетот во Квинсленд утврдиле дека колку еден пензионер е подруштвен, толку се поголеми неговите шанси за подолг живот.
Се што треба да направите за да ги зголемите шансите да бидете здрави и витални во староста е колку можете повеќе да се гледате со луѓето, да станете член на клуб на пензионери и разни секции во кои со врсниците, но и младите ќе ги споделите вашите мислења и ставови. Научниците тврдат дека силните социјални врски во пензија се поважни дури и од физичката активност, воздржувањето од пушење и алкохол. Друштвената изолација води кон депресија, деменција, пад на когнитивните способности, а истражувањата покажуваат дека секој четврти пензионер добива здравствени проблеми кога ќе престане да работи. Но, ако е активен, има чувство дека е корисен и не смета дека неговото време поминало.