Дрвокрадци нападале полициски слубеник

Сопрел автомобил „Лада Нива“ со непознати регистарски ознаки и уште едно возило, со кои се транспортирале огревни дрва. Додека вршел легитимирање на возилото „Лада Нива“, второто возило стартувало и го удрило полицискиот службеник нанесувајки му телесна повреда, а потоа го оштетило службеното возило „Шкода Јети“, по што се оддалечило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.