Дрвошанов: Струмица е окупирана од СДС, додека граѓаните не гледаат никаков бенефит, бизнис елита блиска до власта направи империја на сметка на општината

Преку средби со нашите сограѓани слушнавме што е важно за нив, какви проекти да реализира идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Сведоци сме како оваа криминална влада на ДУИ и СДС не направија баш ништо за подобар живот за граѓаните, но затоа ги урнат националните интереси, а криминалот и корупција достигнаа такво ниво што се губат и човечки животи, изјави Жан Дрвошанов претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица на средба со граѓаните од Струмица во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.

Дрвошанов нагласи дека расте незадоволството кај граѓаните, речиси да нема институција каде не се протестира поради ниски плати и сиромаштија, а жална е и сликата како пензионерите молат за пристојна пензија.

– Но од друга страна гледаме како власта ги игнорира граѓаните и секогаш кога ќе помислиме дека е допрено дното влада демантира и дното станува се подлабоко, потенцираше тој.

Дрвошанов посочи дека не е ништо подобра состојбата во Струмица, општината е 18 години окупирана од СДС, од 18 буџети граѓаните не виделе бенефит.

-Но затоа бизнис елита блиска до СДС направија империи, стекнаа богатства на сметка на општината. Како доказ за криминалното работење на општината е и последниот ревизорски извештај. Државниот завод за ревизија во последниот извештај констатира и изразува неповолно мислење за известувањето преку финансиските извештаи на Струмица и изразува мислење со резерва за нивна усогласеност со законот. Друг таков коруптивен проект кој ни го спремаат е генералниот урбанистички план на Костадин Костадинов, за кој државниот инспекторат утврдил сериозни недостатоци и недоследности со што се покажува дека истиот е незаконит, изјави Дрвошанов.

Тој посочи дека за среќа на оваа криминална власт крајот и е блиску, Македонија за многу скоро ќе има влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните за многу брзо ќе ги видат промените.