Во зависност од потребите на бизнис секторот, државата ќе финансира преквалификување на невработени лица. Ова е дел од оперативниот план за поддршка на вработувањето за следната година.
Станува збор за шестмесечни обуки на активни баратели на работа за конкретни работни позиции по однапред познати услови за вработување, а на тој начин ќе се настојува да се постигне баланс помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на работна сила.
Целта на мерката е да се детектираат сите невработени лица по општини и да се обучат за да одговараат на потребите на компаниите.
Бизнис заедницата бара повеќе вакви директни мерки за подршка на вработувањето бидејќи како што велат тие мора да се интервенира што поскоро затоа што стручниот кадар е клучен за бизнисите.
Од мерката се очекува да придонесе за намалување на невработеноста и решавање на проблемот на работодавците со недостигот на квалификувана работна сила.
Инаку, и практиканството ќе се уредува со закон. Надлежните уверуаат со тоа младите до 29 години кои ќе одат на пракса во фирмите да бидат заштитени од било кавки злоупотреби.
Максималниот ангажман ќе може да биде 6 месеци, а за тоа практикантите ќе добиваат и паричен надоместок.
За ангажман до 3 месеци тој ќе изнесува по 5.000 денари, ако останат и наредните три ќе добиваат по 12.000 денари.
Од бизнис секторот тврдат дека средствата кои ќе ги обезбедат за паричен надоместок за практикантите нема да прествауваат финансиски товар за фирмите.
Според надлежните како и во светото така и во Македонија практиканството дало добри резултати, само што кај нас не било регулирано со закон. Од 2017 од вкупно 900 млади лица кои биле вклучени во програмата за пракса заклучно со 30 јуни годинава вработени се 50 отсто од нив или 445 лица.