Државна видеолотарија овозможи учество на млади хемичари на Олимпијадата во Тбилиси

Најдобрите млади хемичари од Македонија со поддршка од Државна Видеолотарија и годинава се дел од олимписките натпреварувања.

2hemicari-640x360

 

Екипата која ги помина натпреварите за селекција за да учествува на Меѓународната олимпијада во Тбилиси, Грузија, е во состав: Филип Трајковски и Антонио Андоновски од скопски Корчагин, Магдалена Златанова од Јахја Кемал од Струмица и Зоран Гаврилов од СОУ Јане Сандански од Штип.

Ни претставува чест и задоволство повторно да дадеме поттик на младите таленти да го покажат своето знаење во меѓународни рамки. Државна Видеолотарија на РМ го препозна потенцијалот кај овие младинци, па затоа решивме да ги охрабриме и да ги поддржиме, слично како и минатата година, кога им овозможивме да бидат дел од Меѓународната олимпијада по хемија во Баку. Посакуваме и годинава во Тбилиси да не претстават достојно, а  нивното знаење  да отвори нови предизвици и вредности, кои ќе прераснат во убава идна насока на младите од земјава. Убаво е да се поддржуваат ваквите настани, затоа што тие даваат нова надеж. Сите овие меѓународни натпреварувања се придобивка која ќе придонесе за популаризирање на природните науки, во овој случај хемијата, меѓу младите луѓе, изјави првиот човек на Државна Видеолотарија на РМ, Дане Кузмановски.

1hemicari-640x360

Македонија досега учествувала четири пати на овој реномиран натпревар, кој годинава се одржува во Тбилиси во Грузија од 23 јули до 1 август. На натпреварувањето има ученици од повеќе земји. Менторите на македонската екипа, проф. д-р Марина Стефова и доц. д-р Миха Буклески од Институтот за хемија при Природно- математичкиот факултет сметаат дека овие млади луѓе се добро подготвени за да се покажат во најдобро светло на овој реномиран меѓународен натпревар по хемија за средношколци од целиот свет.

Државна Видеолотарија на РМ, како што наведува во соопштението, во рамки на својата општествено одговорна мисија ќе настојува да дава поддршка на младите и талентирани луѓе  и во иднина, со цел да овозможи мотивирање на нови знаења.