Државјанка на Албанија уапсена во делчевско поради обид за убиство

Делчевската полиција уапсила триесетгодишна државјанка на Албанија ноќта кон понеделникот, осомничена пред пет години за обид за убиство

Изминатата ноќ околу 2,15 часот од полициски службеници од Полициската станица Делчево, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.123, а во врска со чл.19 од Кривичниот законик „убиство во обид“, лишена од слобода била 30-годишната А.О. од Албанија, а со место на живеење во селото Тработивиште, делчевско. А.О. кривичното дело го сторила во 2016 година, информира МВР.

Таа била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.