Државата да покрие 50 проценти од трошоците на бизнисите и да ги замрзне кредитите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Клик Плус“ апелираше за воведување на итни мерки од страна на државата за спас на македонското стопанство.

Тој истакна дека во моментов македонските стопанственици се под голем притисок бидејќи не генерира приход поради епидемијата на коронавирусот, па токму поради оваа причини државата мора да покрие 50 проценти од трошоците на бизнисите и да ги замрзне кредите.

-Владата мора да им покаже и докаже на сопствениците на бизнисот дека е зад нив дека застанува рамо до рамо со нив и дека е подготвена половина од трошоците за вработените да ги поднесе. Кога зборуваме за половина од трошоците тука пред се мислам, не за трошоците кои се однесуваат на придонесите туку и трошоците за личниот доход. Значи ние зборуваме за бруто трошоци по вработен. Тука државата треба да донесе мерки и да обезбеди средства каде што ќе поднесе најмалце 50 проценти за да можат сопствениците на бизниси да се почувствуваат дека државата стои со нив и дека државата заедно со нив е подготвена да го сноси ризикот кој што во овој период ќе се случи . Втората мерка која што треба веднаш да ја донесе државата заедно со народната банка, а тоа е да се замрзне отплата кон банките и заемодавателите и тоа веќе го направија неколку соседни земји. Ние апелираме веќе 7 дена тоа да се случи. Да се замрзне не да се репрограмира бидејќи сопствениците на бизниси не работат, не генерираат приход за да можат да сервисираат било какви обврски кон банките и заемодавателите, вели Мицкоски.