
Владата на денешната седница утврди законско решение според кое оризот треба да влезе во листата на производи кои ќе се чуваат како стокови резерви во земјата.
„Утврден е текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковите резерви, со примарна цел да се опфати оризот како производ од исклучително значење и да се создадат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа“, соопшти Владата по седницата.