\ретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски и членовите на ИК Трајко Славевски, Маја Кадиевска Војновиќ и Марија Митева остварија средба со ко-основачот на Македонија 2025, Мајк Зафировски и бордот на директори.
На средбата Мицкоски ја истакна својата загриженост за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Македонија, дека државата секојдневно станува полоша поради високиот степен на криминал и корупција од страна на оваа власт и даде особен осврт за катастрофалната состојба во која се наоѓа економијата.
Воедно, Мицкоски ја истакна својата благодарност кон организацијата Македонија2025, за поддршката која тие со своето делување ја даваат на бизнис секторот и генерално на државата и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија во која има сериозна заложба и за идна поддршка и соработка