„Државната помош за ТЕ-ТО“ ќе стигне до Енергетската заедница во Виена

За случајот со доделување на државна помош на компанијата Те-То ќе биде информирана енергетската заедница во Виена. Ова го најави здружението на акционери на топлификација од каде велат дека во Виена ќе биде доставена целкупната документација.

Спред здружението, енергетската заедница веќе постапува по сличен случај на доделување на државна помош на енергетска компанија во една соседна земја. Акционерите сметаат дека те то како профитабилна компанија не смее да добива државна помош во услови кога остварува милионски добивки за кои не плаќа данок.