Државниот долг е зголемен за 4 милијарди евра во времето на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека државниот долг во времето на седумгодишното владеење на владата од СДСМ е зголемен за 4 милијарди евра.

„Од СДСМ велат дека се справиле со две кризи. Јас направив анализа. Државниот долг во СДСМ е зголемен на 4 милијарди евра. На тој начин треба да ги решаваме проблемите? Ние немаме таков пристап работите, тоа што тие го уништија, ние ќе го изградиме, но нема неродените генерации да ги задолжуваме. Периодот од 1.1.2018, нема да ја земеме 2017 како репер, па сѐ до 31.12.2023, период од шест години, за четири милијарди евра е поголем државниот долг. Ете така ги решавале проблемите, со пари на народот, трошеле наши, ваши пари“, изјави Мицкоски.