Државниот обвинител на САД пренасочи средства на руски олигарх во Украина

(AP Photo/Patrick Semansky)

Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд го одобри првиот трансфер на запленети руски средства за користење во Украина, беше објавено во средата.

Минатата година Министерството за правда на САД го обвини рускиот олигарх Константин Малофеев за кршење на санкциите наметнати на Русија по инвазијата на Украина, велејќи дека тој ги финансирал Русите кои промовирале сепаратизам на црноморскиот полуостров Крим.

Гарланд најави и „заплена на милиони долари од сметка во американска финансиска институција поврзана со кршењето на санкциите на Малофеев“. Како што потврди самиот, сега го одобри трансфер на тие пари за користење во Украина.

„И иако ова претставува прв американски трансфер на запленети руски средства за изградба на Украина, тоа нема да биде последен“, рече Гарланд.

Не е објавено за колкава сума станува збор.