Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е позитивен на коронавирусот и има благи симптоми, објави во средата Стејт департментот, а Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден не е негов близок контакт.
Според објавата Блинкен во средата попладнето по локално време бил тестиран на вирусот со PCR тест кој се покажал позитивен. Се додава дека шефот на американската дипломатија бил целосно вакцинира, како и дека ја примил и „бустер“ дозата.
„Државниот секретар ќе се изолира дома и ќе го одржува распоредот на работење виртуелно. Се радува на враќањето во Стејт департментот и повторното преземање на своите должности и патувања што е поскоро можно“, се наведува во објавата на американската дипломатија.
Се додава и дека Блинкен немал средба со претседателот Џо Бајден претходните неколку дена. Претседателот не се смета како близок контанкт на државниот секретар, потврди портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.