Државниот совет за превенција од детско претстапништво ја поздрави последната акција на МВР

Државниот совет за превенција од детско престапништво ја поздравува а воедно и ја подржува акцијата на МВР за отварањето на широк фронт против дрогата која се растура на улиците во  Македонија со очекување истата да продолжи во контунуитет и понатаму, се вели во соопштението од Советот по последните акции на полицијата во кои беа запленети 12 килограми марихуана и неколку дилер на дрога.

Според Советот, ваквите акции претставуваат ефикасна превентивна активност.

„Ваквата активност во голема мера, во иднина, ќе допринесе, од една страна,  како во намалувањето на малолетничкиот и друг криминал, така и во намалување на сите форми на социо-девијантно, паталошко, општествено штетно и недозволено однесување на младите а воедно од друга страна ќе спречи, токму тој дел од популацијата, лицата кои користат дроги, самоволно да не се исклучуваат од општествениот живот што последователно создава нови тензии и конфликти во задницата“, се вели во соопштението.