![gg stefan](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/gg-stefan.jpg?resize=696%2C387&ssl=1)
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божикните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска ќе приреди традиционален божикен ручек за државниот врв.
Божикниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а ќе присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.
Од Кабинетот на архиепископот информираат дека на ручекот ќе присуствуваат шефот на државата претседателот Стево Пенадровски и премиерот Димитар Ковачевски.
Архиепископот г.г. Стефанг, како што е најавено, ќе биди придружуван од двајца епископи.
На ручекот бил поканет и претседателот на Собранието Талат Џафери, но тој нема да присуствува поради задравствени причини.