
Владата на Унгарија побара државните службеници да се вакцинираат против Covid-19 и носењето маски да биде задолжително во јавниот превоз од 1-ви ноември.
Додека во приватните компании сопствениците ќе можат да побараат од вработените да се вакцинираат ако оценат дека тоа е потребно.
Во изминатите 24 часа во Унгарија се регистрирани 4.039 новозаболени лица и 45 смртни случаи.
Само половина од жителите на Унгарија се вакцинирани против коронавирусот.