Државните станови во Германија зјаат празни, и покрај станбената криза

Повеќе од 360.000 квадратни метри станбен простор во сопственост на германската држава се празни, според податоците добиени од агенцијата DPA, а експертите проценуваат дека на Германија ѝ недостигаат околу 600.000 станови.

Станува збор за неколку илјади станови во кои според информациите треба да бидат сместени државни службеници. Само во Берлин, Државната агенција за недвижности поседува 18.000 квадратни метри празни становив. BIMA е еден од најголемите сопственици на недвижности во Германија, потсетува DPA.

Бројките за празни државни станови беа откриени во одговорот на Министерството за финансии на прашањето на Карен Леј, член на партијата Левица во долниот дом на германскиот парламент Бундестагот, во кој увид имала што DPA.

Од Министерството за финансии велат дека меѓу слободните недвижнини и станови кои по иселувањето сѐ уште не се изнајмени, но во блиска иднина би можеле да добијат станари. Празни се и становите на кои им треба реновирање, додаваат од таму.

Во неколку случаи становите не можат да се користат долгорочно, бидејќи ги немаат потребните дозволи, велат од министерството.

Пратеничката на Левица смета дека дел од одговорноста за недостигот од станови има и владата, со оглед на многубројните слободни имоти во државна сопственост. „Државните службеници се натпреваруваат на прегреаниот пазар на недвижности, особено во Берлин“, рече Леј.

Германскиот совет на експерти за недвижнини проценува дека на Германија во моментов ѝ недостигаат 600.000 станови.

Од вкупно близу шест милиони квадратни метри „комерцијален и друг недвижен имот“ во државна сопственост, кој опфаќа канцелариски, магацински и производствен простор, во моментов се празни околу 2,8 милиони квадратни метри, се наведува во одговорот на Министерството.

Околу 638.000 метри квадратни од овие имоти не се употребливи, а државата планира да продаде околу 453.000 метри квадратни, велат од Министерството.