Дрзок атак на владата врз медиумите

На пет минути пред завршување на вонредната состојба, владата ги преполовни буџетите за рекламирање. Се донесе вонредна уредба со која се изврши упад во изборниот закон и начинот на распределба на буџетите за рекламирање со кој без консезус и на штета на сите медиуми владата ги преполови буџетите за рекламирање.

На овој начин, медиумите се клекнуваат на колена.


Дека се работи за шверцерски упад покажува тоа што законот е прикачен на владиниот сајт дури еден час по полноќ, по завршување на вонредната состојба.

Со ова СДСМ и власта прават директен атак врз медиумите. Злоупотребена е и вонредната состојба чиј гарантор требаше да биде претседателот Стево Пендаровски.