Во рамките на Стратегијата за реформи во правосудниот систем, Демократскиот сојуз предлага да се отворат досиејата на заштитените сведоци, каде врз основа на нивните сведочења се осудени повеќе лица во фабрикувани случаи, изјави во четвртокот партискиот лидер Павле Трајанов,
Трајанов реле дека Демократскиот сојуз инсистира на забрзана динамика при носењето закон за амнестија, закон за укинување на одлуките за лустрација и одговорност на нарачателите на лустрацијата, како и да се донесе посебен закон за проверување на „фактите“ врз основа на кои неосновано се осудени голем број на граѓани.
„Исто така неопходно е да се укинат и законите за формирање на Совет за утврдување на факти, како и Комисијата за воедначување на казните, апсурд кој не го познава светската практотка“, тврди Трајанов.