
Делегација на Демократскиот сојуз положи цвеќе на вечното почивалиште на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев.
Одбележувањето на 120 години од смртта на Гоце Делчев помина мирно и достоинствено, без провокации и револт на граѓаните.
Причината за тоа е што овојпат се напушти заедничко одбележување на вакви настани со Бугарија.
Демократскиот сојуз е против заедничко чествување на македонски револуционери и одбележување други историски настани со Бугарија, но не сме против тие самостојно да ги одбележуваат.
Гоце Делчев е во генот на секој Македонец и преку одбележување на неговата револуционерна дејност се јакне националната свест кај младите генерации.