ДСЗИ и стручна комисија го испитуваат случајот со смртта на 14-месечното бебе на Детската клиника

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска во просториите на Универзитетската клиника за детски болести извршиле вонреден надзор на целокупната документација и земале изјави од сите лекари инволвирани во случајот со починатото 14-месечно бебе.

„Стручната истрага продолжува сѐ до расветлување на случајот“, се наведува во соопштението, објавено на веб-страницата на Детската клиника.

Министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиуми попладнево рече дека утринава имал состанок со директорот на ДСЗИ и дека инспектори вршат инспекциски надзор на Детската клиника и на Клиниката за респираторни заболувања кај деца „Козле“.

Паралелно со вонредниот инспекциски надзор од ДСЗИ, формирана е и комисијата при Министерството за здравство која треба да го расчисти случајот.