![brza pomos pogrebalna kola](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/brza-pomos-pogrebalna-kola.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема да утврдува дали има злоупотреби од страна на погребалните претпријатија за досегашната пракса за закопување на починатите од ковид 19 во лимени сандаци.
Во однос на сликите и видеата на социјалните мрежи од огромните редици пред и во трговските центри за време на Блек Фрајдеј кои наидоа на жестоки осуди од страна на целата јавност, од државниот пазарен инспекторат изјавија дека биле направени повеќе инспекции но не биле забележани значителни неправилности.
Од страна на инспекциските служби во текот на изминатата недела се извршени 4.080 контроли, од кои најмногу од страна на државниот пазарен инспекторат при што се изречени и две забрани за работа и соодветна глоба за два угостителски објекти од Гостивар кои не го почитувале протоколот во делот на ограничен број на гости на маса.