Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа го претстави на интернет ноќта кон саботата својот втор студиски албум под наслов „Future Nostalgia“, кој може да се преслуша или преземе на сите дигитални платформи.
„На новиот албум многу патувам низ времето“, изјавила пејачката во интервјуто за Apple Music околу идејата за албумот.
Колекцијата вклучува 11 композиции во диско стилот, како „Dont’t start now“ и „Break my heart“, создадени во духот од 1980-те, како и нумерата „Physical“. Содржи и рап елементи, како во композицијата „Levitating“.
„Сакав да направам нешто коешто ќе потсетува на музиката од моето детство, но истовремено и модерна. Се сеќавам како ги слушав песните на Moloko и Jamiroquai, на коишто можеше да се танцува во секое време од денот и ноќта. Сакав да го пресоздадам ова чувство“, стакнува Липа.