Дуда со минимална предност победува на претседелските избори во Полска, покажува излезната анкета

EPA-EFE/DAREK DELMANOWICZ POLAND OUT

Актуелниот конзервативен претседател Анджеј Дуда и либералнот градоначалник на главниот град Варшава, Рафал Тшавковски, во неделата се соочија во вториот круг од полските претседателски избори, пришто досегашниот претседател има минимална предност кој му го носи вториот мандат, покажува излезната анкета на социолошкито институт Ipsos.

Според ова истражување, Дуда кој е сојузник на владејачката конзервативна партија Право и справедливост (PiS), освоил 50,4 отсто од гласовите, додека Тшасковски, лидер на либералната опозицска Граѓанска платофрма освои 49,6 отсто од гласовите. Агенцијата Reuters институра дека маргината на грешка на Ipsos, која ги спроведува истражувањата за неа, изнедува 2 отсто, „па така „сѐ уште е прерано да се зборува за победник на изборите“.

Дуда коментираше дека е задовлен од својата победа во вториот круг од претседателските избори, но призна дека овие резултати се прелиминарни.

„Задоволен сум од победата. Да се победи на избори при речиси 70-процентна излезност е невиден настан“, истакна Дуда заблагодарувајќи им се на сонародниците за нивното големо и активно вршење на граѓанската должност.

Првите официјални резултати се очекуваат подоцна во неделата. Во првиот круг Дуда освои 43,50 отсто од гласовите, а Тшасковски 30,46 отсто, но беше најавено дека другите десетина претседателски кандидати ќе ги повикаат своите гласачи да гласаат за кандидатот на опозицијата.

Според споменатото истражување, одѕивот на гласачите, изнесувал 68,9 отсто. Во првиот круг кој се одржа пред две седници, излезноста изнесуваше 64,5 отсто, што беше највисок во последните 25 години.

На изборите право на глас имаа околу 30 милиони избирачи, вклучително и 500.000 Полјаци во странство. Поради епидемијата од коронавирусот, се гласаше под рестриктивните мерки. Беше ограничен бројот на луѓето кои можеа да бидат на избирачко место во ист моменти, а гласачите мораа да одржуваат оддалеченост од два метра и да носат заштитни маски.

Полската државна изборна комисија официјалните резултати од гласањето ќе ги објави во понеделник. Улогата на претседателот во Полска главно е церемонијална, но тој има право на вето на законите коишто ќе ги изгласа парламентот.