ДУИ бара меѓународна истрага за случајот Диво насеље

Демократската унија за интеграција соопшти во четвртокот дека останува на истиот став за вклучување на меѓународни експерти во сеопфатната истрага за обелоденување на сите нејаснотии за случајот Куманово, откако претходно беа изречени пресудите за обвинетие триесетина лица во случајот „Диво насеље“ кој се водеше како терористички чин.

„Дел од доказите и материјалите со кои граѓаните имаа можност да бидат запознаени преку медиумите алудираат на наводна вмешаност и на официјални претставници на највисоките државни институции во комуникација со протагонистите на настанот. Затоа, го покануваме министерството за внатрешни работи да да воспостават комуникација и соработка и со властите на Косово и Албанија со цел размена на информации кон целосно расветлување на случајот“, се вели во реакцијата на владејаката ДУИ.

 

Седум доживотни казни затвор, 13 казни по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди, одреди Кривичниот суд за обвинетите во случајот „Диво насеље“.

Од вкупниот број на 37 обвинети, 33 се прогласени за виновни, а четворица добија ослободителни пресуди.

Обвинетите кога се читаше пресудата не беа во судницата, туку ја слушаа само новинарите, адвокатите и роднините на обивнетите. Тие беа изнесени од судництата, бидејќи извикуваа „УЧК, УЧК“,„Овде никогаш нема да биде мирно, пазете се по животот“ и ја пееја албанската химна.