Демократската унија за интеграција (ДУИ) повторно во неделата ги обвини опозициските партии на Албанците во Македонија дека, според објавата за медиумите, им ги „уништиле“ преговарачките позиции како на победник и „легитимен претставник“ на Албанците.
„Откако првенствено прогласија победа, потоа го оспорија процесот, потоа организираа театарски протести, па продолжија со заеднички и посебни состаноци со СДСМ и ВМРО, велејќи дека ќе бидат во Владата и ќе побараат срамно ‘купување’ на пратеници. Тие го гледаат своето преживување на политичката сцена преку обиди за неуспешност на Албанците со тоа што стојат на ред на шалтерите на СДСМ и ВМРО и уништувајќи ги преговарачките позиции на победникот и легитимниот претставник на Албанците“, се наведува во соопштението од ДУИ.
Партијатата ги критикува другите албански партии порди тоа што нивни претставници не се појавија на средбата што на годишнината од Рамковниот договор ја организираше лдиерот на ДУИ, Али Ахмети, истакнувајќи дека тоа е „во функција на дефокусирање од поразот, неуспехот и има за цел да ја избегне одговорноста на лидерите на овие политички партии пред гласачкото тело и нивните партиски тела“.
„Не претворајте го вашиот неуспех во неуспех на Албанците затоа што Албанците нема да ви простат и да го заборават ова недостоинствено однесување. Ослободете ја узурпираната албанска опозициска сцена и не претворајте го вашиот партиски неуспех во национален неуспех, туку отворете го патот за нови луѓе кои ќе водат здраво обединување на опозицијата во корист на сите. Ова е во интерес на Албанците и ние во ДУИ сме посветени на постигнување единство и не дозволувајќи им на губитниците во нивните партии да избегнуваат одговорност за вечни порази во сите изборни процеси. Сега е време за одговорност за изборните губитници и ДУИ и Ахмети нема да престане да се обидува да помогне за здрава и достоинствена алтернатива на опозицијата“, се додава во соопштението.