Демократската унија за интеграција (ДУИ) во законски предвидениот рок ги достави листите на кандидати за членови на Советите на општините и листата на кандидати за градоначалници за локалните избори што ќе се одржат на 17-ти октомври годинава.
Како што информираа во неделата од партијата која е дел од владејачката коалиција, ДУИ ќе претендира на овие избори со вкупно 35 листи на кандидати за општински совети, додека со кандидат за градоначалник ќе се натпреварувае во вкупно 19 општини.
„Листите на ДУИ се состојат од професионални и компетентни личности во средината каде што живеат и работат. Нашите листи се состојат од еминентни имиња од граѓанското општество, претставници на младите, жени, како и успешни личности во различни области“, се истакнува во партиската објава за јавноста.
Во шест општини, како во Струга, Чаир, Шуто Оризари, Битола, Маврово и Куманово, носителите на листите за советничките листи напартијата ќе бидат жени.
Во ДУИ оценуваат дека со овие личности ќе бидеат „апсолутен победник“ на претстојните“ локални избори, за кои фокусот ќе биде ставен на реализација на предизборната програма која има цел подобрување на стандардот на граѓаните.