Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не планира да свика седница во рок од една недела, со цел да се даде време на парламентарните партии да постигнат договор во врска со донесувањето на Законот за јазиците по неуспехот во вторникот истиот да се даде на гласање. Исто така, има пратеници на ДУИ кои велат дека нема да има други пленарни седници без донесување на Законот за јазиците.
Од друга страна, високи претставници на СДСМ велат дека можат да дејствуваат како што вели ДУИ, но не би било добро за државата да се игра толку агресивно, пренесува порталот Фол.мк.
Пратеници на ДУИ велат дека дебатата за амандманите е потрошена на второто читање, а во врска со забелешките на претседателот, тие велат дека тоа е до волјата на мнозинството дали ќе се отфрлат или не.
„Ние сме Собранието и во ова тело постои мнозинство кое одлучува за важни прашања во земјата и ги донесува законите. Ова мнозинство не мора да ги почитува забелешките на претседателот ниту измените за кои дебатата едноставно се троши на второто читање. Тоа го кажа и претседателот на парламентот, не сме ние оние кои одлучуваат дали законот е во согласност со Уставот или не, ние гласаме закони кои Владата ги предлага”, велат пратеници на ДУИ.
Како што велат тие, седница за Закон за јазици без гласање нема да има, а тие се сигурни дека ќе гласаат и пратениците на СДСМ.
„Уверени сме дека законот ќе го гласаат и пратеници на СДСМ, инаку ова работа нема да ја биде. Нема да има пленарна седница без да биде изгласан овој закон овој закон. Од друга страна, нас не ни е грижа како ВМРО ќе ги поддржат реформските закони, бидејќи ова е друг проблем кој не треба да се поврзува со Законот за јазици, како СДСМ ги менаџира работите со ВМРО, тоа е нивен проблем”, велат пратеници на ДУИ.
Тие го истакнуваат истиот случај кога во 2008 година, тогашниот претседател Бранко Црвенковски не го потпиша Законот за јазиците, а истиот беше принуден повторно да го потпише.
„Во 2008 година имавме иста ситуација кога претседателот Бранко Црвенковски одби да го потпише законот за употреба на јазиците, и го испрати назад во парламентот со забелешките кои нормално тогашното мнозинство не ги занемари и го гласаа истиот текст на законот, дури и ако не се лажам тогаш и имаше пратеници на СДСМ кои гласаа во корист на законот. После тоа, Црвенковски беше принуден да го потпише Законот за употреба на јазиците, што е согласност со законите и Уставот и исто така сега ќе биде принуден да го потпише Иванов “, велат пратеници од пратеничката група на ДУИ за весникот Коха.
Во СДСМ, генералниот секретар на партијата Александар Кирацовски се согласува со пратениците на ДУИ дека мнозинството може да одлучи само, но како што вели, тоа нема да биде добро за државата.