ДУИ: Политичкиот лов на вештерки и заканите за живот се оркестрирано политичко насилство  

Демократската унија за интеграција ги осудува политички мотивираниот „лов на вештерки“ кој е насочен кон нашиот поранешен министер за економија, Крешник Бектеши, и ДУИ како политичка организација. Неоснованите обвинувања за „попречување на правдата“ против него се последните во серија неосновани обвинувања и закани кои имаат за цел дискредитација на нашата партија и нејзините претставници, соопштија од оваа партија.

Во текот на минатиот месец се соочивме со бројни закани за животите на нашите пратеници и партиски функционери, покрај дневните лажни клевети.

Овие дејствија се јасен обид на владата да го одвлече вниманието на јавноста од своите катастрофални неуспеси и да го заплаши албанскиот граѓанин, кој со право е огорчен од брзото влошување на неговата позиција од формирањето на оваа влада.

Ова е отворен обид за политичка одмазда кон партијата која го институционализираше достоинството на албанскиот народ во оваа земја и да го замолкне гласот на албанскиот народ со враќање на заробената држава.

Јасно е дека владата со моноетнички легитимитет се обидува да ја прикрие својата неспособност и лошото управување напаѓајќи ги политичките противници. Остануваме решителни и нема да бидеме исплашени од овие кукавички тактики.

ДУИ останува посветена на заштитата на правата и достоинството на албанскиот народ во Северна Македонија. Ги повикуваме сите наши поддржувачи да не подлегнуваат на овие злонамерни дејствија и да останат обединети против репресивните мерки на оваа влада. 

Ја повикуваме меѓународната заедница, медиумите и граѓанското општество да ги следат одблизу овие настани и да ја држат владата одговорна за своите дејствија.Заедно, ќе продолжиме да се бориме за правда, еднаквост и соодветното место на албанскиот народ во нашето општество и нашата заедничка држава, велат во партиското соопштение.