Демократската унија за интеграција предлага седниците на Собранието да се одржуваат и онлајн.
ДУИ смета дека Собранието треба да ја разгледа можноста за изменување и дополнување на Деловникот во смисла на специфицирање, што всушност се подразбира под зборот присуство на пратеници, без разлика дали е тоа физичко присуство или онлајн.
-ДУИ бара солидни причини од опозициските партии да го разгледуваат овој предлог со цел да се заштити здравјето на пратениците и администрацијата, а исто времено да не се блокираат важните процеси за Република Македонија. Во сегашната регулатива на Собранието стои реченицата „присуство“ ДУИ сака да се прецизира дека присуството на пратениците во Собранието може да биде физичко или онлајн. Не смееме да дозволиме малтретирање на пратеници кои моментално се погодени од ковид-19, да не ги натераме преку посебен третман да доаѓаат на седници и потоа да ги загрозуваме сите други. ДУИ не сака Собранието да дојде во ситуација да блокира важни процеси. Демократската унија за интеграција бара опозицијата да ја земе предвид компаративната анализа на состојбата во регионот и пошироко во ваква ситуација со ковид-19, потсетувајќи дека Владата веќе започна да ги одржува своите седници преку интернет, порачува ДУИ во соопштение.