ДУИ: Скандалозно, Вреди ги нарекува албанските администратори мувлосани

Не поминува ден без скандал. Демократската унија за интеграција е шокирана од секојдневните навреди на Вредните вазали, поразени на претседателските и парламентарните избори, кон административците Албанци во државните органи, нарекувајќи ги Мувла, мувлосани, реагираа од ДУИ. 

Претходно Таравари ги нарече носачи на бурек на Македонците, а денес секој Албанец администратор е мувлосан.

Нема граница на понижувањето што можеа да им го направат на Албанците вмровците од Влен.

 Го негираа знамето, химната само Делумно, јазикот, војната, ОВК, Охридскиот договор, легитимитетот, нивните потписи на хартија, нивните изјави дека ако загубат ќе си поднесат оставки, сите нивни изборни ветувања и веќе прејдоа и кон навреди на Албанците во институциите. 

Немањето легитимитет и кредибилитет на слугите во власта ги понижува Албанците и тоа го прават само поради нивната жед за власт за да се збогатат и врз грбот на народот, велат од ДУИ.