ДУИ тврди дека пукањето нема врска со нивната партија

Во целост демантираме како неточни информациите дека денес во Демократската Унија за интеграција имало било каков инцидент.

Ова го соопштија од албанската владејачка партија откако денека во тетовска Мала Речица имаше вооружана престрелка, во која едно лице го загуби животот, а две се повредени.

Ние како политичка партија немаме и не можеме да имаме одговорнност за евентуалните инциденти кои не се поврзани со Демократската Унија за Интеграција-  истакнаа од партијата.