„Дуинг бизнис“: Пад на Македонија за седум места

Во најновиот извештај на „Дуинг Бизнис“ за 2020 година на Светската Банка Македонија бележи пад од седум места, што е поразувачки во однос на минатата година. Македонија годинава се наоѓа на 17-то место додека минатата година нашата земја беше рангирани на 10-то место во светски рамки.

Ова значи дека не се подобрува бизнис климата туку дека уназадуваме во економски поглед.

Според извештајот најзначајно подобрување во деловното работеше бележат Саудиска Арабија, Јордан, Пакистан, Кувајт, Кина, Индија и Нигерија.