Kандидатот на ДУИ Хекуран Дука победи во вториот круг од гласањето за градоначалник во Дебар, според првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК).
Дука има 4.291 глас, односно 138 повеќе од противкандидатот Беким Поцеста од Алијанса за Албанците и Алтернатива, на 100 отсто обработени гласови, како што посочуваат податоците на ДИК.
Правото на глас на 27 гласачки места го оствариле 8.636 граѓани или околу 45 отсто од гласачите.
Дука прогласи победа во вториот круг уште синоќа, како и лидерот на ДУИ Али Ахмети кој на Фејсбук напиша „голема победа во Дебар, заслужена и праведна“.