![dunav](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/dunav.jpg?resize=640%2C452&ssl=1)
Водостојот на Дунав кај Земун, Панчево и Смедерево ќе расте и ќе се движи над дозволената граница, предупредил Републичкит хидрометеоролошки завод на Србија.
Поради очекуваниот раст на нивото на Дунав, смедеревскиот штаб за вонредни состојби ги повикал жиелите на рибарските населби Орешац и Металор да го следат водостојот на оваа река и на време да го евакуираат својот имот.
На реките Млава и Пека водостоите се во опаѓање и се наоѓаат над границата за вонредна одбрана од поплави, со тенденција да опаѓа, а водостојот на реката Тиса, кај Тител, од денеска ќе расте над дозволената границата.
Кај Белград водостојот ќе биде во пораст и ќе се движи над границата, а на долниот тек на реката Колубара кај Обреновац, водостојот ќе има тенденција на бавно опаѓање.
На реката Голема Морава, кај Чуприја и Бардан, нивото на водата се наоѓа над границата, а на Јасеница водостојот иако е зголемен е со тенденција да опаѓа.