На изборите што се одржаа во четвртокот, унионистите од ДУП освоија 28, додека Шин Феин 27 пратенички места, па овие две партиски групи ќе ја предводат и понатаму северноирската влада.
Трета по големина партија во сегашното Собрание кое има 90 пратеници, е католичката социјалдемократска партија СДЛП, со 12 пратеника, а четвртопласирана е Алстерската унионистичка партија (УУП) која сега има десет пратеници.
Според одредбите на северноирскиот мировен договор, за управувањето со оваа британска покраина на ирскиот остров, ДУП и Шин Феин и по овие избори ќе ја имаат раководната улога во новата влада.
Од редовите на унионистите, лидерот Арлен Филипс ќе ја има функцијата прв министе, додека Шин Феин ја задржува функцијата заменик прв министер.
Изборите што се одржаа само десет месеци по редовните избори во мај 2016 година, поради оставката на поранешниот заменик прв министер Мартин Мекгинис, кој подоцна и се повлече од политиката, ја покажаа стагнацијата на ДУП, како и значителното зајакнување на позоциите на Шин Феин.
Изборите се одржаа непосредно пред почетокот на постапката за Брегзит.
На референдумот за ЕУ од 23 јуни, најголемиот број од Северноирците гласаа за останување на Британија во ЕУ.
ДУП се определи за Брегзит, додека Шин Феин и сите партии на католиците гласаа против Брегзит, што набљудувачите го забележуваат и во резултатот од избороте за новото Собрание, на кое поголем успех имаат партиите на католиците.
Партиите во Северна Ирска, сега имаат три недели за да формираат нова влада на поделена власт мешу унионистите и републиканците. Доколку не уиспеат во тоа, ке паднат под директна управа на британската влада во Лондон.