Најголемата ѕвезда во тимот на Оклахома, Кевин Дурант, повторно беше најзаслужен што неговиот тим славеше во НБА лигата над Кливленд со 102:95. Дурант постигна 35 поени со што продолжи да се доближува до рекордот на Мајкл Џордан. Дурант 33 пати едноподруго има најмалку 25 поени на натпревари, па е сега на само осум меча до рекордот на Џордан.
Хјустон без Двајт Хауард лесно ја совлада Минесота најмногу благодарение на одличната партија на Харден кој постигна 28 поени и осум асистенции.
Резултати: Кливленд – Оклахома 95:102, Хјустон – Минесота 129:106, Портланд – Вашингтон 116:103, Голден Стејт – Милвоки 115:110.