Дурент го уништи „Кливленд“

Кошаркарите на „Голден Стејт“ дојдоа на чекор до титулата во НБА лигата, откако синоќа на гостински терен го победија „Кливленд“ со 110:102 и поведоа со 3:0 во финалето на доигрувањето, резултат од кој во историјата на лигата не се вцратил ниту еден клуб. Токму „Кливленд“ пред две години успеа да направи историски кам-бек откако губеше со 3:1 против „Голден Стејт“, но успеа да ја освои титулата.

„Вориорсите“ до третата победа ги предводеше Кевин Дурант кој не му остави простор на домашниот тим за враќање во серијата по двата стартни порази на гостински терен.

Домаќините добро го отворија мечот и рано поведе со 12 поени разлика(16:4), но „Голден Стејт“ успеа да се врати во ритам и да ја анулира предноста на домаќините, иако имаа 0:6 за три поени, а ниту еден офанзивен, за разлика од „Кливленд“, кој имаше 6. Слично беше и во втората чњетвртина во која „Кавалирс“ дојдоа и до 13 поени предност (50-37), но како што одминуваше натпреварот, така се топеше и водството на Кливленд.

https://youtu.be/C27hkQ5ARaY

На полувремето домаќините имаа предност од 58:52, а потоа „Голден Стејт“, како што беше случај во најголемиот дел од сезоната и во плај-офот одигра одлична трета четвртина во која којде до водство и се врати во ритам, иако Клеј Томпсон и Стеф Кари беа очајни во шутот за три поени. Третата четвртина заврши со 31:23 за „Вориорси“, кои целосно ја презедоа контролата на играта и во последниот период и имаа минимално постојано водство. „Кливленд“ само еднаш успеа да изедначи, но Дурант не промаши, а Кари конечно погоди за три поени. Гостите лесно постигнуваа кошеви, а „Кливленд“ се мачеше за секој поен.

Дурант натпреварот го заврши со 43 поени, негов плеј оф рекорд, со неверојатни 15 од 23 погодени шутеви, од кои шест од девет за три поени, како и 13 скока. Освен него шестмина „Вориорси“ имаа по двоцифрен број на погодоци, најмногу Кари со 11 поени, но и со очајна реализација за три поени (1/10). Дрејмонд Грин имаше 10 поени, девет асистенции и два скока. За гостите по подолга пауза настапи и Андре Игудала,кој постигна 8 поени.

Во редовите на „Кливленд“ вообичаено најефикасен беше Леброн Џејмс со 33 поени, 11 асистенции и 10 скока. Кевин Лав постигна 20 коша, 13 скока и две асистенции, а одличен беше и Родни Худ, кому ова му беше прв настап во финалето, но не настапи и во финалето на Истокот против „БОстон“, со 15 коша и шест скока.