Преку Институт за јавно здравје (ИЈЗ) на коронавирус од четвртокот попладнето и во текот на изминатата ноќ биле тестирани 71 лице.
Од нив две лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје кое имало контакт со веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид, кое е дојдено од италијанскиот град Бреша, а кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.
Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.
„На клиниката ‘Жан Митрев% се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот. Со ова, бројката на новозаболени до 10 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67’, инофрмира министерот за здравство Венко Филипче.