Дури 38 отсто од граѓаните на Европската унија не патувале во 2022 година

Граѓаните на Европската унија, пред се на возраст над 65 години, но и оние меѓу 15 и 25 години, во 2022 година не отишле на ниту едно туристичко патување.

Истражувањето на Евростат покажа дека 38 отсто од граѓаните на ЕУ на возраст над 15 години не отишле на патување со најмалку едно ноќевање надвор од дома од лични причини.

Најголем дел од лицата кои не заминале на туристички патувања во 2022 година е забележан во возрасната категорија над 65 години, бидејќи 55 отсто од луѓето од оваа група не учествувале во туризмот.

Спротивно на тоа, во 2022 година, 71 отсто од граѓаните на Европската унија на возраст од 25 до 34 години отишле на туристичко патување.

Постарите лица над 65 години претпочитаат да патуваат надвор од главната сезона, односно од март до јуни и од септември до ноември, во просек поминуваат по 6,3 ноќевања, а 70 отсто од нив патуваат во својата земја.

Граѓаните во повозрасна возраст, 41 отсто од нив, најчесто ги посочуваат здравствените проблеми како причина поради која не одат на туристички патувања, а 34 отсто изјавиле дека немаат мотив за патување.