Повеќе од половина од американските граѓани сметаат дека претседателот Џо Бајден учествувал во деловните активности на неговиот син Хантр Бајден, појажува истражувањето на јавното мислење објавно до социолошкиот институт Rasmussen Reports.
Во прилог на оваа теза се изјасниле 58 отсто од испитаниците, а 44 отсто од нив таквиот развој на настаните го нарекле „многу веројатен“. Само третина од анекетираните Американци имаат спротивен став а на околу 10 проценти од испитаниците им било тешко да ја проценат веројатноста за вмешансота на претседателот Џо Бајден во деловните активности на неговиот син.
Истражувањето било спроведено меѓу 1.054 американските граѓани во периодот меѓу 28-ми и 29-ти јуни, како и на 2-ри јули. Методот на анкетирањето бил мешан, а маргината на грешкја изнесува околу 3-процентни поени.
Ви јуни Белата куќа категорично одби да ја коментира електронската премиска на Хантер Бајден која ја добил Конгресот, кои сугерираат дека сегашниот американски претедател би можел да биде вклучен во деловните пшерации на неговиот син и дека му помагал со влијание врз неговите деловни партнери.
Самиот претседател Бајден во неколку навратои изјави дека не е запознаен со деловните активности на неговите роднини, но е сигурен дека не го прекршиле законот.
На почетокот од годинава американското издание Business Insider објави информација според којашто постојат планови на Администрацијата на националните архиви и евиденција на САД (FOIA), да ја објават внатрешната преписка во текот на претседателскиот мандат на Барак Обама, кои содржат сведоштва за врските на Хантер Бајден со украинската гасна компанија „Burisma“, чиј член на управниот одбор всушност беше, во времето кога Џо Бајден го извршуваше вториот мандат на потпретседател на САД, за што примал надомест од 83.000 долари месечно.
Записите датираат од 2014 година, односно во периодот на превратот во Киев поддржан од САД, во кој клучна улога за соборување на украинската влада која имаше тесни врски со Москва имаше актуелната потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд, вклучуваат 69 слики и 260 е-пораки во кои се споменува „Bursima“.
Електронската пошта од оставениот лаптоп на Хантер Бајден, до која пристап имали и DailyMail.com, и сведочењето на „свиркачите“, покажуваат дека тој бил вклучен во повеќемилионски договор со кинески нафтен гигант тесно поврзан со кинеската влада, се истакнува во написот. Банкарските записи покажуваат дека кинеските деловни партнери на Хантер префрлиле 10 милиони долари на конотото на нивното заедничко вложување.
И мејловите, текстовите и сметките од свиркачите сугерираат дека Џо Бајден бил свесен за договорот, па дури и можеби бил вклучен. Најозлогласениот пример е електронската порака од 2017 година од еден од деловните партнери на Хантер, Џејмс Гилијар, кој сугерира дека Хантер би имал 10 отсто од капиталот во договорот во име на „Големиот човек“, што според весникот е сугерирање на неговиот татко.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред кампањата за претседателските избори во 2020 година вршеше притисок врз Киев и украинскиот претседател Володомир Зеленски да ги добие документите или сведоштвата дека Џо Бајден како тогашен потпретседател на САД вршел притисок врз тогашната украинска влада да биде сменет украинскиот државен обвинител кој водел истрага за корупција во компанијата „Bursima“ во чие водство беше Хајден Бајден, иако нема никакви познавање од енергетиката и пазарот.