Љубовната афера можеби не мора да значи крај на вашиот брак, но може да биде погубна за животот. Американското здружение за истражување на болестите на срцето утврдило дека еден отсто од луѓето кои починале од ненадеен срцев удар, го доживеале во текот на сексуалниот однос. Меѓу 82 и 93 отсто од нив биле мажи, а дури 75 отсто од нив срцето ги издало во текот на вонбрачниот однос.
Иако лекарите кои биле вклучени во истражувањето не сакаат да заплашуваат, но можно е да се исплати да се остане верен. Друга британска студија покажала дека нешто што веќе долго време го знаеме, мажите подобро се однесуваат кога се во друштво на атрактивни жени. Според истражувањето поголема е веројатноста и тие да се однесуваат несебично, на што ги поттикнува желбата да ја освојат потенцијалната партнерка.
Инетересно е што не е потврден реципроцитет, односно не може да се зборува за тоа дали жените на ист начин реагираат на згоден маж. Истражувањето покажало дека нема смисла да се лаже партнерот дека ви е прв.
Сексот и љубовта во бројките
74 отсто од мажите и 70 отсто од жените многу повеќе уживаат во секс по 50-та година. Тогаш се самосвесни, знаат да се препуштат на уживањето и да ги искажат своите желби
46 отсто од жените на партнерот би му дале прилика за спасување на врската по неверството. Истото би го направиле 37 отсто од мажите
58 отсто од луѓето, се чувствуваат доволно сигурни со партнерот да ги споделат сексуалните фантазии. Но за да го подобрите сексуалниот живот, треба на партнерот да му кажете што сакате.
85 отсто од жените се во право кога ќе се посомневаат дека партнерот ги изневерува. Мажите се нешто послаби во препознавањето на лагите. Само 50 отсто од мажите пак можат да го претчувствуваат неверството на жената.