Дурловски до Димитров: Каде е ‘блескавата иднина’ за која ги распродадовте националните интереси

Ја распродадовте државата, националните интереси, сѐ што е свето, под изговор дека нѐе чека блескава иднина! Каде е сега таа иднина?, пишува меѓу другото во својата објава оперскиот првенец Игор Дурловски упатена до министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Претходно во четвртокот потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Алескандар Николоски, на прес-конференција презентираше документ за кој истакна дека го сокриваат шефот на дипломатијата Никола Димитров и поранешниот премиер Зоран Заев. Како што рече Николоски, станува збор за документ со кој соседна Бугарија успеала како дел од заклучоците на Советот на Европската унија за датумот за почнување на пристапните преговорите со Македонија да биде и Изјавата со која отворено го условува за датумот за преговори, со отстапки од македонска страна,

„Господине Димитров, партијата на која не сакате да и го изговорите името го изгради целото ваше професионално портфолио, барем она со кое објективно, колку толку, можете да се пофалите, како Амбасадор во САД, во Холандија..Но, вашите апетити беа поголеми.Да, станавте министер за надворешни работи, но по пат изгубивте се останато.
Ја распродадовте државата, националните интереси, се што е свето, под изговор дека не чека блескава иднина! Каде е сега таа иднина? Каде е заокружениот датум за преговори? Вие не ги решивте горливите прашања, со сите договори кои ги потпишавте, генериравте катастрофални последици, со кои ке се соочуваат и генерациите по нас.
Најголемиот срам за еден човек е да не се срами од сопствените грешки“, реагираше Дурловски.