Дурловски до Рускоска: Нам ни беше баш пријатно апсењето со куп специјалци пред очите на нашите деца…

Оперскиот пејач Игор Дурловски реагира на изјавата за ТВ 24 на главната јавна обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Русковска дека не повела истрага за еден од случаите, бидејќи „за десетина луѓе, можеби и повеќе, ќе беше непријатно (да им се вештачат телефоните)“.

„Нам ни беше баш пријатно апсењето со куп специјалци пред очите на нашите деца… #ДржаваИлиПанаѓур“, коментира еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и единствен со ослободителна пресуда, откако не побара амнестија за настаните од 27 април.