![Игор-Дурловски-520x347](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/Igor-Durlovski-520x347.jpg?resize=520%2C347&ssl=1)
По вчерашната изведба на операта „Турандот“ на сцената на Македонската опера и балет, Игор Дурловски доживеа овации и долготрајно скандирање на неговото име. Дурловски го играше Тимур од операта „Турандот”.
„Игор, Игор“ ечеше во МОБ. Ова беше еден вид враќање на сцената на МОБ на Дурловски по неколкумесечниот притвор и покренатото обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок како учесник и организатор на протестите против промена на името и Уставот кои кулминираа со настаните во Собранието лани на 27 април.
Дурловски како еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ лани од 28 ноември до 26 јануари годинава беше во истражниот затвор во Шутка, а потоа во куќен притвор. Дурловски е поранешен директор на МОБ и експрофесор на Факултет за музичка уметност во Скопје.
Тој со сопругата Ана Дурловски, сопран од светски глас, имаат исклучително успешна меѓународна кариера.