Душан Тадиќ официјално Фенербахче

Капитенот на српската фудбалска репрезентација Душан Тадиќ е нов играч на Фенербахче, потврди турскиот клуб.

Тадиќ пред два дена го раскина договорот со Ајакс каде мина пет години и беше капитен на тимот од Амстердам. Тадиќ во 2018 година пристигна во Ајакс од Саутемптон, а со холандскиот гигант освои три титули и два Купа на таа земја.

Во Фенербахче ќе го носи бројот 10.